Во Битола полно улици зјаат без дрвја, дрвореди, зеленило. Се ре-асфалтираат и пуштаат улиците како ошутени, механички и умртвени само со асфалт без елементарни знаци на живот….и она што преостана живот се брка преку сечење на преостанатото зеленило, необновување на истото, неодржување на постоечкото, теснење на тротоарите, спора санација на истите, отсуство на урбана опрема од корист за пешачење и движење на точак, толерирање на улици без тротоари, толерирање на двонасочни улици со дополнение на испопаркирани коли, а луѓето фрлени во оган да одат по улица.
……
Ај сега една друга перспектива… Кога ќе го откриеш решението треба само да го мултиплицираш. Не мора да измислуваш топла вода. Какви само фантастични промени последниве две години во Париз!
1. Омасовување на вело инфраструктурата +
2. Дрвореди насекаде. Ова е од поново време и затоа Париз е раскопан. Затворени полно паркинг места, искорнат асфалтот и засадени дрвца кои се одржуваат, а не оставени на забот на времето ко кај нас.
БЕЗБЕДНОСТ И АКТИВНОСТ ВО ЕДНО (Вело+пешачка инфраструктура) надополнето со УДОБНОСТ (зеленило, дрвореди, урбана опрема) е џек потот на еден урбан центар како Париз.
Она што преостана и се прави сега е само репродуцирање на ова решение во сите квартови на градов.
Има надеж за планетава 💚
[🚧] Travaux Rue Édouard-Pailleron (19ème arrondissement) :
✅ Plantation d’arbres
✅ Réfection de la chaussée et des trottoirsTravaux en cours jusqu'à fin juin.
cc @FrancoisDagnaud @C_Najdovski @jacquesbaudrier @APilartz pic.twitter.com/XUZhSMOfg2
— David Belliard (@David_Belliard) April 14, 2022
БИТОЛА НА ТОЧАК