Зимата во Битола, најниската температура како и големината на снежната покривка е различна од година до година.Така да знаеме за зими и до -40 степени под нулата, знаеме дека Битола често може да биде и најладен град како во Македонија така и Европа.Според историските податоци, височината на снегот што паднал изнесувала 52 сантиметри во 1954 година, 63 сантиметри во 1962 година, 55 сантиметри во 1975 година и 84 сантиметри во 1983 година. Притоа, во август 1978 и август 2007 година, на Пелистер паднал снег со дебелина од десетина сантиметри. На следниве фотографии ќе Ви прикажиме различни мотиви од зимите во Битола низ годините наназад. Најпрво слика од еден битолски овчар сликан некаде на Пелистер во 1916 г.

Овчар на Пелистер 1916

Градот Битола сликан од птичја перпектива за време на Првата Светска војна, забележливи се сеуште големите и познати Бела и Црвена касарна.

Битола во зима сликана од авион за време на Прва светска војна
Стариот дом Копанки
Реката Курделец во Битола, сегашна ул.Солунска
Керим Бегов амам, во близина на ОУ Ѓорги Сугарев, нас.Баир
Влезот на Барот Корзо, спомените на сите генерации
Широк Сокак, делот под Камен мост, зима во 80-тите
Широк Сокак, делот кај Епинал фотографија од 80-тите
За битолските еснафи и чалгии никогаш немало зима, фото Манаки

За битолските еснафи и љубители на убавините во животот никогаш немало зима, за што ни сведочи и оваа стара фотографија на Манаки. На санка пајтон со музика и мало ќумбе со ќумец до него некој битолчанец си ужива заедно со живата музиката и чалгаџиите по нашиот Широк Сокак…

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here