Има градови на кои човек повторно им се навратил дури и да би се преселил.
Има места кои човек повторно би ги посетил за чисто да се присети на времињата кога постојано одел таму.
Има песни кои се слушаат по милион пати само надевајќи се дека ќе разбудиме некои спомени.
И Битола е таков град.
Град на кој секој би му се навратил.
Кај нас има места што будат дури и најдраги спомени. Шехерзада, Старата чаршија, Корзото, некоја слаткарница која постои со години наназад.
Хераклеа, па Турското.
Па скришните места за кои сме знаеле само ние и други најблиски со кои сме оделе таму.
Песни. Ах тие песни кои будат емоции.
Опеана Битола, опеана секоја улица.
Секој агол на кој сме се чекале со пријателите.
Секоја улица по која сме оделе кога дома сме се враќале.
Секоја празна клупа на која врелото кафе било испиено.
Сите тие места, настани, свечености имаат свое значење по себе.
И тоа е клучното. Она што нас нè оддржува во живот.
Она за кое се бориме да го сочуваме.
Бидејќи само поради истото, ние постоиме.
Нашата Битола, заедно со битолчаните кои се дел од неа. Содржи толку многу приказни што човек би ги слушал со саати.
Приказни во кои би уживал.
Зошто сами по себе се посебни.
Марија Стојановска (16)