Блогери од рускиот Јутуб канал „Јас би живеел тука“ пред околу два месеци го посетија нашиот град и во нивната посвета напишаа дека за нив нашата Битола преставува еден крајно љубопитен град кој вреди одблиску да се открие и запознае:
-Тој е најјужниот град во Македонија, се наоѓа на само 15 километри од границата со Грција. Препознатлив е по својата архитектура, римски урнатини и фактот дека некогаш бил наречен македонскиот Санкт Петербург. Храбра изјава, нели? Ајде заедно да видиме каков град е Битола… завршуваат на крајот.