Битола денес се разбуди со жолти балони на кои е наведено дека “ОВА НЕ Е ПАРКИНГ”.
Граѓаните секојдневно се соочуваат со проблеми кои го ограничуваат нивното движење и ја загрозуваат нивната безбедност.
Иако Битола не е голем град паркирањето на јавните површини и тротоари зема се поголем замав и на одредени локации низ Битола. Практично е невозможно безбедно движење на пешаците.
Во изминатите неколку години поради трендот на узурпацијата на тротоарите предизвикани се повеќе несреќи, а постарите граѓани, инвалидизираните лица, велосипедистите и децата се почесто се обесхрабрени да се движат на одредени локации низ Битола.
И навистина драги битолчани, секое место не е за паркирање посебно зелените и тревни површини кои во мал дел едвај опстојуваат во нашиот град. Поздрав и до институциите и да се надеваме дака овој проблем конечно во брзо време ќе има негово решение.