Ако во Европа, почнувајќи од 1895 год., рендген апаратот започнал да им помага на лекарите да ѕирнат во телото на човекот без притоа хируршки да се отвори, во Битола
тоа случи во 1908 год., со што и таа се вброи меѓу првите градови на Европа, која поседувала ваков апарат. Бил монтиран во помала зградичка во Воената болница, подигната од валијата Ахмед Ејуп паша во 1885 год., кој се уште

Плочата на влезот од Одделението за рендген апарат (1908)

постои и се наоѓа во склопот на Студентскиот дом „Кочо Рацин“. Привлекува внимание со металната плоча на која со арапско писмо и на турски јазик, е напишано „Одделение за рендген зраци 1908 година“.

Болницата била една од најсовремените на своето време и била на услуга на припадниците на Третата османлиска воена армија. Во неа работеле, не само завршени студенти на Медицинскиот факултет во Истанбул, туку и многу лекари странци, Италијанци, Евреи, Грци и други.

Во прво време имала две одделенија, хируршко и интерно, кон кои, почнувајќи од 1908 год., им се приклучило и ова одделение. Бројот на ваквите апарати во градот по Првата светска војна се намножил уште со неколку. Еден, во 1927 год., набавил д-р Петар Аврамовиќ, друг, во 1932, д-р Александар Османли, а со третиот, две години подоцна, располагал д-р Михаил Попов.


Извадок од книгата Калеидоскоп на проф. Александар Стерјовски. Дел од неговите изданија ги имате слободно на располагање ТУКА.