Велат дека судбината на многу наши стари градови ја стасала
и Хераклеја Линкестас (Битола), што била уништена од земјотреси или пожари. Современите летописци забележиле дека 359 година пред нашата ера, области владееле Римјаните. и тогаш
Хераклеја цутела, била голем и богат град со јавни згради и храмови, анфитеатри, бањи и водовод. Долго време потоа за овој град малку се знае…
Битола пред стотини години — тоа се безброј испреплетени
сокачиња и чикмаци, десетини џамии, пазаришта и чаршија во која се продавале тешки персиски килими-персијани, белгиска свила, француски штофови, па сè до стари износени алишта што се продавале на Бит-пазар…
Трговијата што уште во XIV век цутела во Битола, во XIX век
довтасува полн разгор. Во градот имало 13 пазаришта. Некои од
нив дури и ден денеска постојат под истите имиња. Најимпозантно пазариште било Безистенот, каде што се продавале новитетите од
лондонските модни куќи, кинеска свила порцелан…
Битола на трипати горела а бројот на грабењата не се знае.
Во 1806 година ја опљачкал Али-Паша Јанински. Патеписецот Евлија Челебија пишува дека и сам бил во Битола кога грабачот Бабо слегнал од планината Шипка во Бугарија и со 500 души ги искршил вратите од Безистенот и однел стока од неоценлива вредност.
Патиштата што воделе од Битола биле живи. Низ нив минувале тосканските и влашки трговци со големи кервани, со многу слуги и телохранители-гавази, китнесто облечени. Битолската чаршија била рамна на секоја друга од Јадранското до Црното Море
и од Дунав до Белото Море.
Кој го користел богатството на Битола? Богатите Турци се
населиле покрај Драгор или во главната улица каде што најубавата зграда ја откупил Наполеон ш за 20.000 форинти. Тие често пати излегувале на теферичи, каде што пекле јагниња на колец вртен со вода. Се облекувале луксузно и богато.
Оттаму и песната:
Битола, бабам Битола,
таму се живот оживее,
по тие тесни чикмаци …
Таа пее за богатството на
битолската чаршија, но има и песни со тажни мелодии.
Каде се чуло, видело
мома взандани да меси
за таткови си борчови …
Ова е песна за она бедно граѓанско население, што живеело по десетина семејства во една куќа. Минаа години.
Јас сега стојам не пред слики од овој град, не воспоменувам
минато, а ја гледам Битола жива, лична и мила—таква каква што
ја носам во срцето. Со восхит проаѓам низ нејзините широки улици.
Десно виши во небото гордиот Пелистер, влево е бескрајната Пелагонија, а низ градот шуми Драгор. На местото од прочуениот Шарк — хотел, за кој се врзани сите дипломатски интриги на некогашните
претставници на странските држави во Битола, е изграден Народниот театар. Насекаде во центарот на градот се зеленеат дрвореди, се изградени плоштади, цветни алеи, паркови …
Невена Теохарева весник Македонија, 1953г.