Акцијата „Дај свој придонес – засади дрво!“ денес ја продолжија вработените од Бимилк кои засадија зимзелени садници во градинката „Пролет“.

Во акцијата која започна вчера во градскиот парк во Битола покрај Бимилк беа вклучени и Синпекс ДОО Битола и Кромберг & Шуберт- Битола, Киро Дандаро, Пица ресторан Кус-Кус, Хемометал, Cylindo и Зелена берза, а на иницијатива на фирмата Интерворкс – Битола ќе бидат засадени околу 2.800 садници на повеќе локации во градот.