Владимир Тасевски од Битола со цел да им помогни на оние кои што помошта им е најпотребна, направи апликација каде со само еден клик сите ние ќе можеме да бидиме дел од безрезервната хуманост.
Причината за изработка на оваа апликација е тоа што ние, луѓето се повеќе и повеќе губиме чувство за хуманост. Апликацијата е едноставна за употреба, сѐ што треба да направите е да креирате ваш профил и споделите донациски апел во кои се потребни некои основни информации.
Во блиска иднина следува освежување на платформата со добивање на можност на донирање преку вашата платежна картица. Со ова ќе се овозможи на брз и лесен начин донирање од било која локација.
Оваа платформа е достапна за сите и во секое време без дополнителни дозволи и барања. Единствено е потребна вашата желба и ангажираност да ја подарите помошта безусловно. Тоа ќе придонесе нови насмевки на нечие лице.
Нивната мисија е хуманоста да стане секојдневна навика кај човечкиот род. Секој ден да сме благодарни на тоа што го имаме бидејќи секунди нѐ делат од губење на материјалното и нашиот скапоцен живот.
Нивната визија е хуманоста да биде доблест на секој современ човек кој ќе придонесе навремено да се реагира од безизлезните ситуации кои се дел од нашето напорно секојдневие.
Повелете на неговата фејсбук страна https://www.facebook.com/moidonacii/
додека линкот за донации и креирање на профили тука https://donacii.org/
Браво Владимир 👍