Уште еден од проектите во нашиот Меморандум со Поинаку е враќањето на убавината на познатиот Безистенот. Тоа ќе проект во соработка со Општина Битола и Министерството за култура за комплетно реставрирање на овој објект на култура и историја за градот.

Ова е градба од XV век која е заштитена со закон, но за жал заборавена од институциите кои и сами го нагрдуваат со поставување на светлечки реклами и слично. Познатата Капали Чаршија во Истанбул потсетува на нашиот битолски Безистен, но за жал не можеме да го споредуваме со нејзината убавина. Во прилог една фотографија од Капали Чаршија колку за фантазија, да си замислите можеби еден ден… како ќе изгледа нашиот Безистен.

А за тоа се разбира ни е потребна вашата поддршка. Ви благодариме.

МЕМОРАНДУМ СКЛУЧЕН ПОМЕЃУ ПОИНАКУ И БАБАМ БИТОЛА