Редок вид на бела (албино) видра од битолчани е забележана денес во реката Драгор.
Белите видри се едни од најретките животни на светот и затоа цената на нивнито крзно е едно од поскапите.
Реката Драгор е прибежиште на разновиден животински свет, но во повеќе наврати таа е ѓубралник на несовесните битолчани и за жал до ден денес нема некој кој постојано се грижи за неа и чистотата на нејзиното корито.
Видрите се интелигенти животни. Спаѓаат во групата на ‘рбетни животни, класа цицачи. Ги населуваат сите еколошки станишта кои се среќаваат на Земјата, како: реки езера, мочуришта, савани, тропски предели, субтропски предели, мангрова шума и други станишта. Секој вид од вкупно 13-те кои досега се добро истражени се среќаваат околу водни станишта. Големината варира од вид до вид, зависно според видот на исхраната и неговиот ареал на распостранување.
Голема благодарност до Томче Јанакиевски