Времињата се променија, денес сите се повеќе сме преокупирани со сопствените проблеми кои секојдневно се наталажуваат и едноставно немаме ни волја за нивно решавање. Се отуѓивме со соседите, не разговараме многу и нѐ не интересира повеќе ништо, ниту тоа што е наше и заедничко.
Истото важи и за култното наше собиралиште, БЕЛА ЧЕШМА . Во 2007 г. нашиот битолски хроничар Петар Ставрев во весникот Вечер ни раскажа дека некогаш тука се собираа и стари и млади, белочешменци, кои околу чешмата со зборуваа за спортот, музиката, другарувањето, фудбалот, фолклорот и што уште не. При секојдневното поминување тука таа слика не ја забележавме. Ниту пред недела дена, ниту некни, ниту вчера.

Затоа денес некој се сети и одлучи да ја промени таа состојба и барем малку да допринесе за враќање на тукашното другарување и меѓусебно почитување. Група граѓани доброволно и со задоволство култната БЕЛА ЧЕШМА повторно ја направија БЕЛА. Заеднички со најдобрите комшии кои се граѓани на Битола. И тоа го направија Поинаку. За вас и сите нас!

Браво за сите 👏👏👏

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here