За време на вечерашното шоу, во напната атмосфера жирито ги прогласи победниците на четвртата сезона на шоуто за таленти “Никогаш не е касно”, која за кратко време го воодушеви целиот регион.

Битолчанецот Бејхан Рамов доби најмногу гласови од публиката, која гласаше за него по пат на СМС гласање, додека победничкиот трофеј го доби лично од Лепа Брена.

“Сакам да те бакнам и да ти дадам најтопли честитки за твоето брилијантно пеење и перформанс”, изјави нашата балканска дива. На ова Бејхан даде ветување дека ќе се откаже од ѕидарството и ќе се посвети на пеењето.

Честитки Бејхан, се надеваме дека и ние на време дадовме мал придонес за твојата победа …