Пиењето кафе во Битола повеќе векови преставува култура и ритуал. За битолчани тое е неизбежно и го пијат секојдневно. Кафето за многу е првиот љубовен состанок, првата дружба, првите нови пријателства, бизнис зделки, повеќегодишно другарство… Сето тоа низ филџан прекрасно кафе, кафе кое за сите нас претставува живот. Ритуал без кој не можиме да живееме. На големите кафеџии познато му е дека секој не може да направи убаво кафе. Кафето е 100 проценти мистерија. Зависи од добрата подесеноста на машината за мелење кафе и кафематот, а најмногу од уметникот кој го работи сето тоа професионално и е викан “бариста”.
Токму така, бариста (од италијанското “barista” што значи бармен) е оној човек што ви го разубавува кафето, оној што ги прави оние различни фигури и текстури на површината на вашата шолја полна со вкусниот пијалак.
Изгледот на “бариста” кафето во кафе бар Аеро, Битола наспроти Офицерски Дом
Работата на баристата е откривање на тие 100 проценти мистерија. Ако натерате некој кафе-уметник или бариста да Ви објасни нешто околу својата работа, со сигурност ќе ви одговори вака. Иако до пред неколку години оваа уметност со кафе беше речиси непозната на нашите простори, во последно време таа зема сѐ поголем замав.
Сега конечно ја имаме и во нашиот град, во кафе бар Аеро, поранешен Аеро клуб во близина на Офицерски Дом. Илјада зборови, илјада добрини а на вас оставаме да ја вкусите уметноста и харизматичноста на баристата. На следното видео погледнете како тоа таму се прави и нека Ви биде на здравје кафето битолчани!