Алпинистите Ѓорги Костовски, Благојче Лазаревски и Димитар Илиевски членови на македонската алпинистичка експедиција, која годинава се искачи на врвот на Комунизмот на Памир во СССР, висок 7.400 метри според гласовите на читателите на Битолски весник се спортисти на годината за 1984 година.
На второто место се пласира фудбалерот на Пелистер Драган Канатларовски, трет е Пепи Манасков, ракометар на битолскиот прволигаш, додека на четвртото место се пласира Сакиб Рустемов боксер на БK Пелистер. Петтото место читателите и го доделија на Жана Клочева кошаркарка на Битолатекс, шести е Благој Китановски фудбалер на Пелистер, седми Наум Симјановски скиор, а на осмо место се пласира џудистот Зоран Дранговски. Деветто место му припадна на борачот Ферзи Нурединовски, додека на десеттото место се пласира стрелецот Миле Огненовски член на стрелачката дружина „Нишан”.
Подвигот што го направија битолските алпинисти во составот на македонската алпинистичка експидиција е подвиг што ќе влезе во аналите на македонскиот и југословенскиот алпинизам воопшто. Имено, од околу 150. алпинисти од 15 земји во светот на врвот Комунизам на Памир се качија само 16 меѓу кои и двајцата битолчани Ѓорѓи Костовски и Димитар Илиевски.
Втор на ранг листата од десетте најдобри е „ол-раундот” на второлигашот Пелистер Драган Канатларовски, кој со игрите што ги прикажува во дресот на Пелистер го сврте вниманието на фудбалските стручњаци. Оттаму е и разбирливо што Канатларовски оваа година го облече синиот дрес на аматерската репрезентација на Југославија. Драган Канатларовски е брз бескомпромисен борец, кој според фудбалските квалитети што ги поседува слободно може да игра во било која прволигашка екипа.
За него стручњаците тврдат дека пред него претстои блескава кариера.
Третото место читателите му го доделија на Пепи Манасков ракометар на битолскиот прволигаш Пелистер. Пепи Манасков уште од порано е во центарот на вниманието на
ракометните „менаџери”. Денес не постои ракометен тренер кој не би посакал Манасков да заигра за неговиот тим. Во Пелистер Манасков дојде од Борец од Титов Велес и со своите „проектили” го привлече вниманието на ракометните стручњаци. Младиот Пепи Манасков стана миленик на битолските „тифози” кои, секој негов шут од далечина со ракоплескање го поздравуваат. Оваа година Манасков го облече и синиот дрес на јуниорската репрезентација која го освои балканското злато. Ha четвртото место според гласовите на нашите читатели се најде боксерот на Пелистер Сакиб Рустемов. Овој боксер во годината што изминува наполно се потврди како квалитетен борец, кој во својата конкуренција е меѓу најдобрите во Југославија. Единствениот пораз годинава тој го доживеа од репрезентативецот Добришановиќ. Кошаркарката на Битолатекст Жана Клочева е на петтото место додека шести е еден од одбранбените фудбалери во Втора лига Исток, Китановски кој со играта што ја прикажа во „старата” екипа го „натера” селекторот на аматерската репрезентација на Југославија да го повика во најдобрата селекција од второлигашките фудбалери. Пред овој фудбалер велат стручњаците дека претстои богата фудбалска кариера.
Скиорот на ПСД Пелистер Haум Симјановски го зазеде седмото место од ранг листата, на десетте Haj. Овој алпски скијач слободно може се рече дека е без конкуренција во Македонија. Симјановски е републички првак во алпски дисциплини и е победник на традиционалниот 25 годишен Пелистерски велеслалом.
Ученикот Зоран Дранговски, џудист иако има само 16 години како да е преплатен само на успеси.
Битолски весник 1984 г.