hdr

Бидејќи се лизнале на замрзнатите улици и тротоари а претходно не ставиле ланци на чевлите и штиклите, повеќе битолчани и битолчанКи се повредиле и се упатиле во Ортопедско.
Денес таму немаше слободен кревет. Од Клиничката болница велат дека за 50 % е зголемен бројот на битолчани со скршеници, од кои повеќето од нив биле над 60 години. Помладите немат гајле. Бидејќи Битола денес е зафатена со нови снежни врнежи од Клиничката болница очекуваат бројот на лица кои што ќе побараат помош во Одделението за ортопедија да се зголемува во наредниот период.

-На нашата клиника, посебно на Ортопедско е преголема гужва. Со паднатиот снег со студот и мразот кој ја зафати Битола, ортопетското Одделение е преполно со лица со скршеници и зголемен е бројот за околу 50%. Во наредниот период очекуваме уште поголем број на пациенти кои што ќе побараат помош во нашата клиника, бидејќи сега сеуште врни снег, и откако ќе прекини очекуваме уште поголеми гужви.

Во нашето одделение се ни е искомбинирано. Еден кој е со скршеница на рака е заедно со друг кој што има скршеница на нога, за меѓусебно да си помагаат бидејќи нашите сестри повеќето се со цигарче на пауза. Сакам да напоменам дека Ортопедско е мобилизирано со екипи и нема кревет празен, и затоа кој е за тука обавезно со него да носи кревет или нешто за подлегнување: вели Ѓулистана Поп Јорданов портпарол на Клиничката болница.

Од таму упатуваат апел , особено до постарите лица да не излегуваат надвор без потреба, без надзор, без зимска опрема, без сол и песок, без трипати да се прекрстат на излегување и сл.

-Упатувам апел, посебно апелирам до повозрасните лица без потреба да не изглегуваат, бидејќи кај нив рехабилитацијата од скршеници е многу тешка и тешко за нив се наоѓаат делови бидејќи се 60+ т.н. олдтајмери: додава Поп Јорданов .

Не изостануваат и препораките од страна на лекарите . Да не се излегува од дома кога коловозите и тротоарите се замрзнати, да се носи соодветна облека поради студот и да конзумираат топли напитоци освен греена ракија и храна што ја одржува температурата на телото (која е таа храна не дознавме).

Шо значи драги битолчани дома да си го дочекате летото и да си гледате телевизија на прва и втора. Седете си дома ако ни требате за гласање ние ќе дојдиме од дома да Ве земиме!

Ве поздравуваме…

Веста е измислена и направена за чешит бидејќи денес седум пати се лизнавме и три пати паднавме…