Нашата битолчанка, Антонела Абдиева (17), ученичка во втора година во средното медициско училиште др.Јован Калаузи,

на Меѓународен Фестивал во Молдавија во дисциплината естраден вокал, категорија од 16 до 20 години, го освои првото место.

Фестивалот се одржуваше од 19 до 22 октомври 2018 г.

Во нејзината конкуренција беа 14 учесници од неколку држави од светот.

Најголема дружба имаше со учесничката од Израел со која започна едно ново, искрено пријателство и затоа нејзината галерија беше исполнета со безброј нивни заеднички фотографии…

На фестивалот учествуваа учесници од 18 држави од светот меѓу кои имаше од Русија, Украина, Израел, Виетнам, Јужна Африка, Литванија, Молдавија, Романија, Бугарија додека битолчанката Антонела беше единствената од Македонија.

Честитки Антонела и ти посакуваме уште повеќе успеси понатаму!

Голема благодарност до Екатерина Михељкис