И оваа година, по трет пат од самите почетоци на манифестацијата „ПОЕТСКИ ГЛАСОВИ”, во организација на ЖАР ПРЕСПА, зеде учество, младиот и надежен поет Андреј Стрезовски. Со неговата песна „Моја Битола“ под менторство на почитуваната Гиче Бизимоска, освои големи аплаузи.

Низ едно детско римувано двостишје Андреј ги велича убавините на Битола. Вешто си игра со епитетите на сѐ што гледа и чувствува. Душата на градот под Пелистер, верниот чувар, ритамот на Саат кулата, џагорот на птиците, убавините на Широк Сокак, ги опишува со сите сетила.
Иако млад зема активно учество на сите детски конкурси. Ваквите таленти заслужуваат високо место на пијадесталот, да се поддржат да творат и понатаму.

Учесник е на многубројни конкурси и исто така добитник намногу награди. Ученик е во шесто одделение во О.У Крсте Петков Мисирков во с.Бистрица, Битола.

Автор на текстот
м – р Биљана Тодоровска