Street Workout или улично вежбање има две главни поделби Freestyle ( категорија кај што се прават финти како на гимнастика ) и Set & Reps ( категорија само за стриктни кревања на вратило, разбој и др).
Натпреварот се одржа на 12 октомври оваа 2019 г во Р. Србија, Нови Сад во центарот на градот на “Трг слободе”.

Натпреварот беше на светско ниво и таму учество зедоа околу 80 учесници.

Од Македонија имаше само четворица и тоа од Битола Андреј Марковиќ и Бојан Тошевски, од Куманово Роберт Ангеловски и од Македонска Каменица Бошко Стаменковски кој е со импресивна 50 годишна старост.

Еден од битолчаните и тоа Андреј Марковиќ успеа да го освои високото второ место. Неговите импресии беа навистина големи:

Со овој спорт се занимавам три години како натпреварувач и до сега сум освојувал медали во
Белград, Ваљево, Шабац, Пула (Хрватска два пати), Куманово и Скопје. Овај медал по ред ми се чини дека е 17-ти или 18-ти.
Впечатоците се прекрасна и беспрекорна организација како што доликува на светско ниво. Тука беа рушени некои досегашни светски рекорди и тоа на пример направени се 173 склека на знак на судијата – кога можи да направи склек( Dead Stop) натпреварувач од Полска.
Исто така и натпреварувач од Гватемала направи неверојатен број на чучњеви со своја килажа како додатно оптеретување +80кг.

Јас во голема конкуренција од целиот свет успеав да го освојам високото второ место во повторувања на разбој во категорија до 75кг за што сум горд и во најдобро светло го преставив мојот град Битола и Македонија.

Во Битола немаме некои посебни услови за развивање и негување на овај спорт. Имаме едни справи кои се сите криви или искршени и со наши средства ги заваруваме по повеќе пати, да не правиме муабет за нови квалитетни вратила. Баш некни заварувавме едно вратило, а другите ги фарбавме.

Во последно време има доста голем интерес помеѓу битолчани меѓу кои се помладите кои се доста заинтересирани кога ке ги видат нашите изведби и доста се импресионирани. Од нив голем број остануват импресионирани а мал дел остануват да вежбат со нас, но се надевам дека тоа ќе се промени.

Зачудува фактот дека секоја вечер после 19 часот на справите кои се до спортската има најмалце од 10 до 20 деца кои вежбаат, а како натпреварувачи активни не има околу 15-тина од цела земја, Битола само 3″…ни пренесе Андреј Марковиќ на кого му честитаме за постигнатите резултати и му посакуваме уште повеќе успеси понатаму.