Почитувани граѓани ја направивме и деталната анализа за првата половина на месецот август која укажува на тоа дека е можно задржување на ФЛОРИЈАН што значи често понестабилна атмосфера од колку стабилна.

Кога станува збор за нестабилност се подразбира за локална појава на поројни врнежи, грмежи и засилување на ветерот а локално процесите може да бидат застапени и во форма на невреме проследено со нешто поинтензивни поројни врнежи од дожд, засилен ветер, електрични празнења и услови за појава на град.

ТУКА МОЖЕ ДА БИДЕ ВАШАТА РЕКЛАМА. КОНТАКТИРАЈТЕ НЀ НА НАШАТА ЕМАИЛ АДРЕСА [email protected] И БИДЕТЕ ЕКСЛУЗИВЦИ

Што се однесува до температурите на воздухот тие ќе бидат и тоа во текот на следната недела како што претходно најавивме во пораст но сепак ќе бидат во границите на нормалата или пак нешто под нормалата и ќе се искачуваат во интервалот од 30 до 37 степени. За Битола и битолско до 31 степен.

Секако ние континуирано ќе ја следиме временската состојба и развојот на истата и за секоја промена граѓаните навремено ќе бидат информирани.

Да напоменеме уште дека со оглед дека се работи за долгорочна анализа на времето некакви промени на истата се можни за кој како што претходно кажавме ќе бидат навремено информирани.

За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил каде можете да ја погледнете и секоја ново – обновена временска состојба – Славчо Попоски