На 21.08.2022 година со почеток во 20 часот Државниот Архив на чиј што директор е д-р Емил Крстески организираше изложба со наслов “Милтон” по повод 140 години од раѓањето на Милтон Манаки кој со својот брат е познат како првиот кинематограф на Балканот, фотографи кои оставиле траен белег со нивното творештво не само на Балканот туку и пошироко. Фондот на БРАЌА МАНАКИ е во сопственост на одделение Битола од 1965 година.

Изложбата беше во рамки на големиот интернационалец фестивал за кинематографија ИФФК “Браќа Манаки” кој традиционално се оддржува во Битола и истата беше поддржана од Министерството за култура и во соработка со НУ Завод и музеј.

Изложбата беше отворена од министерката за култура Бисера Костадиновска – Стојчевска, а свои обраќања имаа и Мери Стојанова, директор на НУ Завод и музеј – Битола, како и Гоце Стојановски раководител на одделение Битола и еден од авторите на изложбата.

Меѓу гостите беа присутни и почесните конзули на Романија и Израел, а почесен гостин на овај настан беше и Амбасадорот на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, неговата екселенција Метју Лосон кој имаше свој поздравен говор и истакна задоволство од соработкатата на архивот со Британска библиотека за проектот финансиран од Фондацијата Аркадија за целосна дигитализација на Фондот Браќа Манаки. Исто така потенцираше дека ваквите соработки во областа на културата треба да бидат продлабочени и почести.

Амбасадорот во својата прва посета на Битола на присутните гости им се обрати на македонски јазик и потенцираше дека овај настан е уште позначаен за него бидејќи и првата камера на Балканот е токму купена во Лондон.

Изложбата е презентирана на 18 паноа на кои се претставени најзначајните сегменти од работата и животот на Милтон, витрини каде е презентирана неговата фотографска опрема, Камера 300 и оргинални документи, како и дигитална изложба која тематски и хронолошки го обработува неговото фотографско творештво.

Автори на оваа изложба се Гоце Стојановски, Марија Дурлова, д-р. Јасмина Дамјановска, Димитар Ѓорѓиевски и м-р Ивана Хаџиевска, а комплетната реализација беше на м-р Јован Стојановски. Оваа поставка ќе биде отворена за пошироката јавност до 26 август 2022 година

Фотографии Сашо Ставрев