Пациентка на 34 годишна возраст , после неколкуте обиди за забременување во последните 4 години, од непознати причини за неплодност , конечно успеа да стани мајка во Болница Плодност во Битола и вистински да го почувствува задоволството како е да се подари живот.
Во нашата ИВФ пракса сме имале потешки случаи од овој, со подолготрајна неплодност и до 30 години, каде сме пронашле решение.
Но, оваа приказна е интересна од друга причина – ембриотрансферот е направен на 2 август, ден Илинден. Аманетот на прим. Д-р Таше Трпчевски беше, ако ова ИВФ резултира со бременост, машкото дете да се вика Илин, а доколку е женско, Илина.
Родителите си останаа доследни на дадениот аманет на д-р Таше, тие добија син, кој сега го носи името Илин.
Сепак, среќните родители кои ја напуштија Болница Плодност со огромна радост, ќе имаат шанса на останатите бебиња да им дадат име по нивен избор, бидејќи пациентката има уште три замрзнати ембриони.
А портретот на д-р Таше, ембриологот Стефан и сестрата Снешка, ќе останат како траен спомен за доаѓањето на свет на нашиот Илин.
Болница Плодност Битола