Александар Златановски – Моделинг кариера и Индија
Кратка сторија за почетоците на моделинг кариерата:
‘Ако кажам за себе дека прва љубов ми е моделинг – тогаш дефинитивно ќе излажам…
Долго време ја работев мојата љубов “мултимедија и дизајн“ како хонорарец…
Краток период работев и во приватен холдинг за брендот Макс Мара – Италија, како асистент во фирмата.
Како поминуваа годините среќавајќи се со пријатели и другари честопати говорев дека сакам да ја напуштам нашата земја, да се остварам онака како што замислувам јас, да ги проширам моите видици и хоризонти… Често слушав од познаници, пријатели, другари и роднини дека сум фотогеничен и дека имам потенцијал за модел… Се додека тоа не го сфатив сериозно…
И дека навистина сакам да сум дел од јавната професија и секако, да го искористам својот потенцијал – максимално.
Бев во Берлин, пред повеќе од една година во најдобрите модни агенции на кастинзи, каде што веќе имав понуди за работа како модел… Како проблем се покажа фактот, дека агенциите бараа да живеам на свој трошок, што не е ни малку евтино за почеток во Берлин…
Барав некои други начини да го остварам својот сон, но беше попусто, па се откажав од сонот, но само на момент, додека не го најдам правиот пат за да стигнам до целта и да си го живеам сонот.
Зборував со блиски пријатели од Скопје и ми кажаа – пријави се во “Моделс Ин“ модната агенција во Скопје која работи доста професионално за услови кои ги нуди Македонија во оваа професија
Во оваа прилика го поздравувам сопственикот на агенцијата Алек Наумовски и сум му неизмерно благодарен.
…Го имавме првиот состанок, беше јасна мојата цел, прифати да бидам дел од неговата модна агенција… Во меѓувреме, чекајќи го кастингот за во Белград се нижеа ангажмани во Македонија.
“Моделс Ин“ ме информира за кастингот во Белград во една од најдобрите интернационални модни агенции “Фокс“.
Бев на кастингот во Белград и бев прифатен… По краток период ми кажаа дека прва понуда ми е работа во Индија. Размислував и профатив. Го имав и првиот Вацап митинг со сопственикот на модната агенција од Индија “Скај модел“…
По неколку дека добив инфо дека сум потврден за работа.
Неколку дена размислував како да им соопштам на моите родители и како ќе прифатат.
Едногласно ме подржаа во намерата…
Моделинг во Индија, Бангалоре
Интересно и необично со пристигнувањето во Индија…
Друга култура и друг мирис на земјата…
Се сместив во вилата која што ни ја дава овдешната агенција… Со сите обезбедени услови за одржување на убавината која е потребна за оваа работа… Базен теретана…
Неколку дена ми требаше да се прилагодам на климата, зошто овде сега е почетокот на летото и е 30 степени.
После неколку дена започнаа кастинзите…
Полека се нижеа и ангажманите, за краток период, сум особено горд што успеав да сликам за брендовите: Најк, Пума, Ливајс (Levi’s), Адидас..
Исто важно е да кажам дека модната агенција за која сега работам во Индија е и дел од Боливуд.
Се работи на доста високо и професионално ниво за кое не бев нималку свесен до стартот на работењето по сетови.
Работам околу 5 дена во неделата… По 7 часа на сет.
Професија која е доста захтевна, бара целосно да си посветен на квалитетна храна, добар сон и тренинзи за одржување на фит тело.
Договорот е доволно долг да стекнувам искуство… па после летото би зел здив месец два во Македонија, па со нови сили продолжувам на друг пазар… Иако се уште е рано да зборувам…
Индија, Бангалоре (култура, храна…)
Специфичен мирис, специфични јаки и лути зачини во нивната храна
Ми требаше само неколку дена да станам миленик на нивната храна… Често во топлите денови се освежувам со благ шербет “Бани“ кој изгледа како диња, но се пие со цевка и може да се купи на секој агол од секоја улица за малку пари… Кој притоа е доста корисен за кожата и тенот на лицето…
Еден од обичаите кои ме зачудија и на почеток се чувствував небезбеден е што во куќите немаат клуч. Постојано сме сите отклучени…
Се распрашав за тоа и ми кажаа дека веруваат во Божица која ги чува домовите на сите луѓе и дека ако некој се обидува да провали или да наштети некому, тогаш се верува дека Божицата ќе го казнува напаѓачот со несреќи во наредните 7-8 години…
Едно од Атрактивните места во Бангалоре е големиот храм со Божицата „Шива“ …
Ви благодарам за сѐ и голем поздрав до мојата Битола и битолчани. Бидете упорни и постојано барајте го правиот пат за да стигнете до целта и да можете да го живеете вашиот сон.