Александар Волкановски со битолско потекло успеа да ја одбрани титулата и да го зачува појасот

од July 12, 2020 0 коментари

Австралискиот борец со битолско потекло, Александар Волкановски ја одбрани титулата и го зачува појасот.

Волкановски водеше тешка борба против Макс Холовеј на УФЦ 251 настанот организиран на Островот во Абу Даби, но на крајот успеа да го совлада.

На стартот на борбата Холовеј доминираше и успеа да ги добие почетните рунди, но Волкановски не се откажуваше и успеа да одолее на нападите на противникот, по што тргна во акција.

Судиите своите гласови ги дадоа за Волкановски, па така Австралиецот со македонско потекло си го зачува појасот.

Babam Bitola

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *