„Ако Македонецот од север подаит рака на Македонецот од југ, и ако Македонецот исток, подаит рака на Македонецот од запад – подадените раце ќе се прекрстат околу ПРИЛЕП – БИТОЛА“.

Битола се избират за резиденција на Генералнијот инспекторат за Македонија и она се обраќат во престолнина за Македонија. Таја нова престолнина не јет далеку од старите: Преспа и Прилеп!

И така, стремењето на Македонците да создадат свој културен центар, тоа шчо сега Битола се чинит престолнина на Македонија, шчо Битола, Прилеп и Охрид сет историјцки места за Македонците, како и тоа, шчо состауваат они географцки и јазичен центар – сите заедно праат да се пријмит, као опшч македонцски литературен јазик, централното македонско наречие. – Крсте Петков Мисирков „За македоцките работи“, 1903 г.

Пелагонија е срцето на Македонија, а Прилеп и Битола се една богата ризница на македонската револуција и слободарски дух, култура, писменост и традиција, историско наследство, природни реткости и урбана приказна под македонско небо.

Прилеп и Битола се градови на десетици македонски академици, асномци, државници, востаници, бранители, борци и народни херои, градови на први училишта, просветни центри и огромна македонска дијаспора ширум светот.
🇲🇰 Прилеп🤜🤛Битола 🇲🇰

Христијан Аџиоски Патувања низ Македонија