Рожденство на Пресвета Богородица (Мала Богородица) е еден од големите празници на Светата Православна црква. Иако овој празник се смета за почеток на сите празници сепак тој почнал да се празнува многу подоцна. Дури откако ослабнало паганството, христијаните покрај на Исус Христос можеле да и одадат заслужено признание и на неговата мајка.
Народот верува дека Пресвета Богородица е заштитничка на мајките воопшто и на леунките посебно, поради што жените што раѓаат ја повикуваат да им помогне полесно да се породат. Исто така, се верува дека таа им помага и на жените што немаат деца. Затоа ваквите жени оделе во црквите посветени на Богородица и се молеле пред нејзините икони.
Манастирот Рождество на Пресвета Богородица, изграден е на 1 км во близина на с.Новаци, десно од брегот на Црна Река. Во 2006 година беше изграден само Храмот на Манастирот кој е трокорабен и претставува монументална христијанска градба со 8 кубиња покриени со бакарни плочи, измалтарен со бел малтер.