Еден од првите македонски новинари, но и поети и писатели од перодот по ослободувањето е Александар-Ацо Станковиќ, првиот директор на Радио Битола потоа и одговорен уредник на Дневно-информативната програма на Македонската Телевизија во Скопје…
Ацо Станковиќ е основач и го формира оркестарот чалгии на Радио Битола.
Во следниот прилог е неговата фотографија (во првиот ред, во средина) со битолските чалгаџии (најкрупниот е познатиот чалгаџија Манди) снимени со останатите колеги од Радио Битола, во просторите на старото Радио на градот.
На следната фотографија е Ацо Станковиќ со своите колеги Димитар Димитровски-Такецо и Спиро Мачески (тројцата лежат на тревата на фудбалскиот стадион)
… Ацо Станковиќ како автор на водителскиот ТВ Дневник на Телевизија Скопје и како уредник…
… и заедно со генералниот директор на РТС Скопје, поетот Матеја Матевски.
Таа година Ацо беше дел од претставниците на македонската телевизија при земањето на традиционалната новогодишна изјава на претседателот Јосип Броз Тито, на островот Ванга на Бриони.
Фотографии и раскажувања испратени од Томислав Османли на кого јавно му благодариме…