Денешниот плоштад „Борис Кидрич“, каде што се наоѓа зградата на Народниот театар во Битола, пред околу 60 години бил турско гробиште, за кое и сега мнозина стари битолчани се сеќаваат. Можеби уште многу години гробиштата „Екши мезал’к“ ќе останеа во центарот на градот, ако пашата Абдул Керим, кој во последните години од минатиот век бил со служба во Битола, оној истиот што започнал да го уредува „Тумбе кафе“ и кој ја изградил кланицата и презел уште низа прогресивни мерки за уредување на Битола, не им ставил крај на гробиштата.
Младите години Абдул Керим-паша ги поминал во Европа, а во Париз го завршил образованието. Интелигентен и како што расправаат, доста енергичен човек, тој повеќе сакал да придонесе за културното издигање на заостанатото население, отколку да ги ужива сите благодети што му го создавал неговиот висок положај. Ниту протестите на еден дел од турските бегови, ниту „ферманите“ од султанот не го спречилө да ја оствари својата замисла да подигне зграда – театар, барем донекаде по угледот на оние што ги видел низ Европа. Неговата тврда волја победила. Гробиштата се преселени. Подигнат е голем и за тоа вереме најмодерен хотел, кој пред петнаесетина години пострада од пожар, а покрај него во двориштето израсна зграда за театар.
Во почетокот во Битола немаше професионални артисти, ниту дилетанти, па спрема тоа не можеа да се прикажуваат и театарски претстави. Сегашниот партер во зградата на театарот тогаш служел како арена за прикажување на разни циркуски атракции. пеливански борби и слично, додека во ложите, се разбира, седеле најугледните битолчани, кои обично се ценеле по своето богатство. Влезот бил каде што е сега сцената на театарот.
Подоцна веќе во првигодини на XX BEK, зградата е преуредена, односно е прилагодена за театарски претстави. Првата театарска група што гостувала во Битола во оваа зграда била од Софија под раководството на некој Саво Огњанов, која се враќала од Солун каде што била на турнеа. Подоцна почесто започнале да се прикажуваат дилетантски претстави, еден од покренувачите за тоа бил Војдан Чернодримски, авторот на „Крвава македонска свадба“. Дилетантите биле само мажи, кои ги толкувале дури и женските улоги. После Првата светска војна Битолскиот театар направил еден голем скок.
Под раководството на Лазиќ, талентираните српски артисти извесно време наоѓаат работа во Битола. На сцената во Битола ce
прикажуваат „Хамлет“, „Фауст” на други најпознати Советски и словенски автори, но иво Скопје са оспособила привремена просторија за театарски претстави. Сите артисти од Битола отишле таму.
Битолчани пак неколку години
по ред гледале аматери сцената. Кога почнала да се гради новата зграда за театар во Скопје, еден
дел од артистите пак нашол слободно место во Битола. Сегашните театарски прваци во земјата Страхиња Петровиќ, Живановиќ, Сатановиќ, Маринковиќ и други, што по
доцна се прославија и веќе се изумрени, во Битола биле поздравувани со бурни ракоплескања.
После 1927 година започнал со работа постојаниот театар во Битола на аматерска основа, под името „Добро Поле“. Културно-уметничкото друшттво „Абрашевиќ“ давало најмногу аматери за театарот. Мнозина од нив сега се повлечени од сцената, иако тогаш биле многу активни, меѓу кои особено се истакнуваат бојаџиите во градот Вано Василевски, Борис Башлакоски, Ганчо Стефановски и други. Сега во театарот од постарите се наоѓаат Павле Павловски и браќата Димче и Ацо Стефановски, кои уште како
деца, криејќи се од родителите, доаѓале на претстави. Во годините на окупацијата театарот во Битола не ја прекрати работата. Но, во градот постоеја повеќе дилетантски групи, кои за целото време активно работа, особено групата при спортското друштво „Југ“.
Во салата на Фискултурниот дом
беа прикажани драмите Крвава македонска свадба“, „Печалбари“ и други пиеси, и покрај пречките од страна на окупаторските власти.
Уште потполно не престанаа пукањата од последните ослободителни борби во нашите градови, при одделението на Агитпроп за Битолска област се формира театарска група, а во април 1945 година во Битола започна работа на театарот со професионални артисти. Неодамна беше свечено прославена и илјадната претстава во зградата на театарот. Билансот на повоените години е следниот: 52 премиери, преку 200 посетители на претставите, а уште околу 200 претстави во другите градови на нашата Република.
Нова Македонија во 1950-тите