Некогашната грандиозна убавина на Конзулска Битола…
Дали богатството си го носи и проклетството на објектите кои ден денес се останати сами на себе?…
Или поранешниот систем со својата негрижа ги остави такви како што се денес? …
И понатамошната негрижа за нашата битолска историја која полека се рони и заминува како прашина?…
А не треба многу сите велелепни објекти кои некогаш ја краселе Битола која била поголема и поубава од Белград и Лондон…за Скопје да не правиме муабет….да ја добијат повторно својата некогашна убавина?…
Како некогашната аптека “Вера” на Ахил Чаловски…
Аптеката на Ахил Чаловски била една од подобрите во градот.Во неа тој работел од 1910 кога дипломирал се до 1916 г.кога заминал во Бугарија.Во меѓувреме во аптеката работел неговиот брат Петар кој како аптекарски помошник немал квалификации за водење на аптеката,но за време на војната било се дозволено.
Во 1920 му се одзема дозволата бидејќи тогаш во Битола имало повеќе аптеки што се снабдени со стручни лица. Во комисиски извештај од 1919 е наведено дека зградата била прилично уништена од бомбардирањето.Ги задоволувала сите прописи и норми но немала ноќно ѕвоно и фенер.
Во 1921 повторно ја отвора Ахил,кој во 1926 ја преместува во зграда од спротива на улицата,каде што е денес и каде што не би била штетна по интересите на соседните аптеки на Филипов(иќ) и Франгов(иќ).
Ахил Чаловски бил роден во Битола 1887 г.
По завршената гимназија студирал “Аптекарски науки” на Медицинскиот факултет на Отoманскиот универзитет и по положениот испит стекнал титула аптекар на 7ми Септември 1910 г.Всушност Ахил студирал на Американскиот Универзитет во Бејрут,аптекарски отсек,а дипломата ја стекнал пред испитната комисија од професори на Медицинскиот Факултет во Цариград.
Аптекарот Ахил работеше во својата аптека “Вера” која се наоѓа “Кај рибарниците”се до пензионирањето. Таму во неа прегледувал др Дракопулос,воен лекар,доброволец во српската војска,роден во Смирна. Подоцна во неа ординирал и др.Продром Папа Симеон*.
Сега во самата зграда сеуште опстојува аптека која во нејзината внатрешност ја има задржано автентичноста од некогашната аптека “Вера” на Ахил Чаловски,аптека и зграда која сеуште ги буди спомените од некогашните убави и светли времиња на тогашна конзулска Битола,нашата бабам Битола…
текстот адаптиран од книгата на Петар Бојаџиев-“Здравството во Битола низ вековитe”