На Државното првенство за деца на возраст од 10–11 и 12–13 години во кати и борби, одржано на 27.04.2025 година во спортската сала „Архиепископ Доситеј“ во Кисела Вода – Скопје, карате клубот „ЗАНШИН ДО“ од Битола настапи во шест категории и освои бронзен медал, како и пласман на Балканското првенство кое ќе се одржи од 28 мај до 1 јуни 2025 година во Бар, Црна Гора.

Со бронзен медал се закити машкиот тим во кати (генерација 2015–2014):
Теофан Ивановски, Дамјан Никодиновски и Михаил Јовановиќ.

Во поединечна конкуренција, Бојана Бошкова (ката, генерација 2015) оствари три убедливи победи и се пласира на Балканското првенство.