Со многу емоции, смеа, а и солзи радосници, вечерва во Битола се одржа незаборавна промоција на поетската збирка „Патот кон успехот“, прва книга на петнаесетгодишната Ивона Ѓорѓиевска. И покрај својата младост, Ивона со своите зборови и стихови успеа да ги остави без зборови присутните и да ги воодушеви битолчани.
На промоцијата, Ивона блескаше – прекрасно облечена, насмеана, горда и благодарна. Срдечно се обрати пред публиката со зборови кои предизвикаа топлина и восхит:
„Почитувани присутни, со голема благодарност и возбуда ви посакувам добредојде на промоцијата на мојата прва книга „Патот кон успехот“.
Јас сум Ивона Ѓорѓиевска, ученичка во IX одделение во ОУ „Д-р Трифун Пановски“ – Битола.
Од срце им благодарам на Ротари клубот за нивната поддршка и за тоа што ми излегоа во пресрет и помогнаа оваа книга да биде отпечатена.
Исто така, неизмерно сум благодарна на мојата прекрасна наставничка и ментор Робертина Герасовдка-Петровска – извонредна жена која со своите поучни зборови и добронамерни совети ми помага да научам многу вредни и значајни лекции во животот.
Сакам да изразам благодарност и до г-ѓа Гордана Димитровска-Такец, која исто така беше дел од градењето на мојот успех.
Сакам накратко да ви раскажам како се роди мојата љубов кон поезијата.
Од мали нозе уживав во читањето и поезијата, и уште тогаш започнав со пишување песни. Најпрвин тоа беа стихови запишани во тетратки, на маргините од книгите, па дури и на мобилен телефон. Во почетокот, поезијата беше моја мала тајна. Но со текот на времето, благодарение на луѓето кои ги споменав, се роди идејата таа тајна да прерасне во нешто повеќе.Оваа збирка поезија не е само книга. Таа е патување – патување низ мојот внатрешен свет, но и покана до читателот да го открие својот.“
Н
астанот помина во топла и инспиративна атмосфера, со голема поддршка од семејството, пријателите, наставниците и љубителите на поезијата. Ивона со својата искреност и талент покажа дека вистинската уметност нема возраст – и дека патот кон успехот започнува со храброст и љубов кон зборот