Ако со нетрпение ги броите деновите до стартот на најомилениот фудбалски турнир за млади категории – не сте сами! И ние сме подготвени и едвај чекаме да започне новото издание исполнето со страст, натпреварувачки дух и незаборавни моменти!
Ова не е само турнир – ова е доживување кое се памети!
Единствен турнир за млади категории кој е целосно бесплатен – без партиципација за учество!
Главната индивидуална награда? Емоции и спомени за цел живот!
Странските екипи први го потврдуваат учеството – затоа што тука носат нешто што не се купува: искуство!
Турнир со амбасадор од кој сите се гордееме – Милан Стојановски!
Турнир со стратешки партнер ФК Партизан и амбасадор Саша Илиќ!
Среќата на младите фудбалерчиња е нашата најголема инспирација!
НАСКОРО следуваат информации за учесниците, групите и распоредот на натпревари… Подгответе се за уште едно незаборавно издание!