Кажи ни искрено – колку луѓе ти рекле дека личиш на Нова Ѓоковиќ?

Сум запознал многу луѓе во и надвор од нашата држава кои ми рекле дека личам на Ноле.

Ај сега, да бидеме искрени – знаеш ли да држиш рекет во рака?

Знам да држам рекет во раката, но не и да ракувам со истиот :)). Никогаш до сега не сум играл тенис.

Дали некогаш си се обидел да кажеш „Јас сум Нова Ѓоковиќ“ и некој да ти поверува?

Не, никогаш не сум се обидел да се претставам како Новак или било која друга личност.

Доколку си Ноле за еден ден, што е првото нешто што ќе направиш?

Не би направил нешто поинаку од тоа што Ноле го прави, бидејќи сметам дека начинот на живот кој тој го живее и сѐ она што има направено не е многу поразлично од она што јас сметам дека е правилно.

Дали ти се случило да ти бараат автограм мислејќи дека си тој?

Не ми барале автограм, но сакале да се фотографираат со мене и да кажат дека го сретнале Ноле :).

Ако Ноле дојде во Битола и те види, што мислиш дека ќе ти каже?

“Брате, ти си мој двојник! Ај да се заменимо на један дан-ти на терен, ја на Широк сокак!”

Дали дома ти викаат: „Ајде, Ѓоковиќ, оди фрли ѓубрето!“?

Не, ми викаат ајде Дарко оди фрли го ѓубрето :(.

На скала од 1 до 10 – колку добро си во тенис? А во пинг-понг?

Веројатно -3 за тенис, а пинг-понг сум подобар и би рекол 4-5.

Доколку одиш на турнир во Битола, кој би ти бил најголем ривал?

Бидејќи јас не сум играл тенис никогаш досега, веројатно најслабиот играч би ми бил најголемиот ривал :)))

Кој удар го имаш најдобар – форхенд, бекхенд, или баклава со јогурт?

Аперкат или лоУ-кик :), бидејќи долги години тренирав кик-бокс. Баклава со јогурт само во вторник :)).

Што би му порачал на вистинскиот Нова Ѓоковиќ ако го сретнеш?

Ноле, брат, остај то тенисо, ела си Битола да пиеме по едно кафе.

Ако не беше „Ноле од Битола“, кој друг славен лик би сакал да бидеш?

Ако би бирал, би одбрал да останам истата личност како и до сега.

Фала ти Дарко Аврамовски