Денес на Државното првенство на Македонија за момчиња и девојки до 11 години, кое се одржа во Прилеп, нашите девојки блеснаа!

Натали Бејковска стана државна шампионка во поединечна конкуренција, победувајќи ја во финалето својата клубска другарка Калина Митева со резултат 3:2 во извонреден меч полн со емоции. Калина го освои второто место и сребрениот медал!

Но тука не завршија нивните успеси — во конкуренција на двојки, Натали и Калина заедно доминираа и станаа државни шампионки без загубен ниту еден сет!

И нашите момчиња покажаа одлична игра — Марко Макаријоски се пласираше меѓу осумте најдобри, а Марио Марковски остави силен впечаток со својата борбеност.

Браво за нашите млади надежи! Иднината е ваша!