Мото Клубот Конзули – Битола е здружение со долгогодишна традиција и активна улога во промоцијата на безбедноста во сообраќајот и мотоспортот во Македонија. Оваа година клубот одбележа 14 години постоење, за време на кои не само што сме организирале бројни мото настани, туку и сме делувале како општествено одговорна организација.
Покрај официјалните настани, нашиот клуб преку целата година активно се вклучува во хуманитарни акции за помош на социјално загрозени семејства, крводарителни акции, помош и поддршка при гаснење на пожари како доброволци и многу други активности во заедницата. Во име на хуманитарната работа на Мото Клуб Конзули, оваа сабота ве покануваме на заедничка дружба и едукација на нашиот настан за безбедност во сообраќајот.
Имено, во сабота, на 5-ти Април 2025 со почеток во 12 часот на паркингот кај Спортската Сала „Боро Чурлевски“, во соработка со Министерството за внатрешни работи (МВР), Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот (РСБСП), Автошкола Турбо Кар, Црвен крст и Мото Асоцијацијата на мото клубови на Македонија – МАМ организираме едукативен настан за подигање на свеста за безбедноста во сообраќајот. Овој настан е насочен кон младите возачи, возачите почетници и сите останати учесници во сообраќајот.
Што ве очекува?
– Совети за безбедно возење
– Демонстрации за прва помош
– Обука за правилно постапување при незгода
– Практични вежби за моторциклисти
Покрај подигањето на свеста за безбедноста во сообраќајот, Мото Клуб Конзули ќе има и посебна хуманитарна мисија – помош за засегнатите од трагедијата во Кочани.
На настанот ќе биде поставена кутија за донации, а сите собрани средства од настанот ќе бидат донирани преку @supportkocani за оние на кои им е најпотребно.
Ги повикуваме сите што ќе бидат присутни да дадат свој придонес – секоја донација, без разлика на износот, прави разлика!
Заедно можеме повеќе!
Ве очекуваме во што е можно поголем број затоа што БЕЗБЕДНОСТА ВО СОБРАЌАЈОТ Е ОДГОВОРНОСТ НА СИТЕ НАС!