Д-р Никола Буневски од Ординација Буневски учествуваше на Првиот конгрес за Ветеринарна медицина во Драч, Албанија, каде што ја претставуваше Македонија со предавање на тема ендоскопија и мини инвазивна хирургија во ветеринарната медицина.
„Благодарен сум на сите колеги кои ме учеле и сè уште ме учат колку е важно да се дели знаење, да се помага и да се соработува. Чест ми беше да бидам дел од овој значаен настан“, изјави д-р Буневски.
Изрази голема благодарност до Ветеринарната комора на Македонија за поканата и до организаторите на овој значаен конгрес кој придонесува за унапредување на ветеринарната медицина во регионот.