Вчерашниот Берлински маратон беше посебен од повеќе причини.

Не само што беше јубилејно 50-то издание на оваа светски позната трка, туку нашиот Томе Киријази, член на АК Олимп, беше еден од оние кои ја испишаа оваа историја заедно со 55.000 тркачи од 120 нации.

Со својата неуморна енергија, тој ја истрча оваа легендарна патека и се приклучи на елитата која веќе половина век учествува во Берлин.

Берлинскиот маратон, познат по својата брза и рамна патека, е место каде што се соборуваат светски рекорди, а за Томе Киријази, ова беше повеќе од маратон – тоа беше личен триумф и инспирација за сите нас.

“Границите постојат само за да се преминат” е она што можеме да го кажеме за овој драг лик.
Горди сме на неговиот личен успех и на тоа што го носи името на АК Олимп на еден од најпрестижните спортски настани во светот.