Во XIX век Македонија преставува главна раскрсница која ги поврзува Европа со Блискиот и Средниот Исток, Балканот и Јадранот. Целокупната стока од Македонија која се извезувала и увезувала преку Солун, како и увозно-извозната трговија на Македонија со Босна, Србија, Бугарија и средна Европа се пренесувала со добиток. Пред изградбата на железницата, главно транспортно средство биле коњот,камилата, маската и магарето.

Во тој период кираџиството во Македонија било значајна стопанска гранка и извор за егзистенција на голем број семејства. Кираџиите најчесто држеле коњи, кои како најбрзо превозно средство во тоа време, можеле да се користат за превоз на стоката на подалечни дестинации. Единствена конкуренција биле кираџиите кои чувале камили. Овие „пустинските бродови“, бавни но издржливи, кои лесно ги поднесувале лошите патишта низ турската империја, овозможувале превоз на товар со пониски транспортни трошоци.

Во Битола и Битолско најповеќе се носел памукот, тутунот, урмите.. Се носела најразновидна друга стока која меѓу другите стигнувала и кај познатиот битолски трговец Петар Данабаш…кој тргувал со далечни земји, се раскажува дека во неговата куќа стоката стигнувала со камили..

Како позната локација по кажување на старите битолчани во центарот на Битола е поранешниот Ан лоциран во Градската чаршија, каде заедно со Хаџи Махмут Беј џамија и нејзините придружни објекти медреси, мехтеби ги примале гостите кои најчесто преноќувале со камилите и својот драгоцен товар за наредниот ден да продолжат по натаму…