РЕК си е наш, струјата е наша, ќе си наплаќаме колку шо ни душа сака. За скопјани ќе му ја пуштаме поскапа дупло, за битолчани шо мелат на скупски тродупло ќе врти тарифата и ќе нема ефтина. За охриѓани ќе се префатиме со возење на кајче, наши деца се.

Битолски елитен независен зимски центар. Жичници, домој, патеки, вештачки топој. Цела Неолица до Лавци со ски терени, Дио, Нижеполе. Турбо луѓе од секаде. За грците паркинго муфте, за охриѓани ќе се префатиме со кајче веслање, ресенчани ќе носат јаболка, прилепчани не знајме дали скијат тие по дрва се бесат. За скопјани се знај дупло, за тие одродените битолчани шо го кршат јазико на скупски тродупло, нормално. Домо Копанки хот и хот ќе си го напрајме како слагалица, ни да го молиме некој ни да му ги тријме јајцата за цел живот борчли да му бидиме. Базен, џакузи на вториот спрат заграден со стакло, да се чудат будалите.

Независна цела Пелагонија со се житница. Житото си е наше. За битолчани по набавна цена. Жито, леб, бели печива, кочани за варење, љубејнците од Егри. За Скопје се знај дупло. Нека платат ако му се јади, доста беше не изнацицаја дури цела мафија ни ја тупурдисаја да не војва како шо сака. Ајт таму. Во револуција сме, независна Битола.

Водата Пелистерка, Пела Роса, Гермина. За Битола и битолчани по набавна. Водовот вентилите в крај. Чешми , фонтани да прска вода насекаде. Зеленило. За Скопје дупло, за одродените битолчани шо мават на скупски тродупло.

Јужната граница ни е со Грција. Бесплатен паркинг за нив, тие се наши деца, роднини, македонци исто. Рампата крената и нека турат бензин и кафе нека си пијат. Можи и шопинг да падни ко ќе се порајат во градо не да се тресат дали некој ќе му клај канџа или пајако дека ќе му ја крени колата. Ела филе ефхаристо.

Бесплатен паркинг за битолчани. Низ цела Битола. За скопјани дупло. За одродените битолчани шо мелат на скупски паркирање онаму џенемите, на аеродромо во Логоварди.

Ќе си посадиме шеќерна репка пак. Пак шеќерана, шеќеро по набавна, за Скопје знајте, дупло.

Ќе си ја отвориме пиварата. Пиво Битолско, најубо. Од најубата вода. Само за нас, со други не го делиме. Независна Битола со квалитетно пиво ќе си ја наливаме. Можи и Бирафест на есен како во Ѓерманите со кригли и убај раскошни жени со панделки на косите. Ќе дој некој повратник оттаму ќе ни покажи. Не мора октомври, кој ќе чека дотогаш.

Кафето на Широк сокак по набавна, 20 денари. Само за тие со лична карта од Битола. За останатите се знај како и погоре.

Аеродром од Битола кон Кравари. Без аеродром ништо, пак ќе бидиме зависни од онај струшкиот Охрид шо го прекрсти за нивни. За една писта барем имаме, не сме толку сиромај. Сите кенгури и американоси ќе си слегват дома со шапките и пурите. Велком хом се знај добредојде со „Битола мој роден крај” Акиф и дружината.

Пајтони, пешачки зони, точаци да врие.

Топловодо да пука од РЕК, парната в крај пуштени, никој да не запали шпоре или камин цела зима. Да мириса Битола на мискојна.

Стрежево езерце. Ќе си го напрајме поубо од Охридското.. Со вили и хотелчиња по ридојте, плажи со песок од Будва ќе си дојсиме. Мераци.

Конфискација на имот и бркање на сите политичари. Еден да не остани. Никој со ништо не придонесе за градо, нема и шо да барат во Независна Битола. Шо подалеку то поарно. Персона нон грата до седмо колено на клоци и со плукање избркани.

❤Дрим он драги битолчани. 😉