Штотуку го публикувавме нашиот труд за датирањето на неолитските тумби во Пелагонија. Во Ајнштајновиот центар во Берлин работевме зимава со Агате Рајнгрубер на моделирање на датите од овие наоѓалишта и ги добивме првите хронолошки секвенци со апсолутно датирање на македонски локалитети според градбите и нивната стратиграфска позиција.

Оваа илустрација која изгледа како археолошки „кардиограм“, навистина го прикажува временското срце на локалитетот Влахо и неговата извонредна старост околу 8400 години. Неверојатно е што се‘ може да се направи со модерната археолошка технологија, па останува единствено на нашето љубопитство и на државните институции да ги препознаат нејзините потенцијали во истражувањето и заштитата на локалитетите.

Гоце Наумов

Оние што уживаат во разгледувањето археолошки кардиограми можат да најдат уште такви во нашиот труд на следниве линкови:-)

https://www.academia.edu/123545977/Dating_the_Early_Neolithic_in_Pelagonia_closing_a_chronological_gap_in_Balkan_prehistory

https://journals.uni-lj.si/DocumentaPraehistorica/article/view/18831