Злато и две сребра – историски медали за К.К . „ЗАНШИН ДО„-БИТОЛА . После 57 години од кога постои КАРАТЕ ФЕДЕРАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА за прв пат БИТОЛА добива шампиони и вице шампиони на државно првенство во кадети, јуниори и У21 .

Ката тимот жени во кадети и јуниори Елена Јончевска, Леона Алиловска и Емилија Илковска се закитија со златни медали и пехар со што се пласираа за светското првенство кое ќе се одржи од 9-13.10.2024 год во Венеција -Италија . Александар Божиновски, Михаил Марковски и Давид Стојчевски се закитија со сребрени медали и пехар во ката тим кадети јуниори мажи . Михаил Марковски се закити со среберен медал и во поединечно во кати кадети кој во финале загуби за 0,5 бодови.

Претходните денови тренерот на К.К . „ЗАНШИН ДО“-БИТОЛА и селектор на репрезентација во кати У12 и У14 на КФМ Стевка Јанковска Петковска се здоби со 5 ти дана црн појас со што за прв пат Битола доби жена со толку висок степен на признание во историјата на каратето во Македонија. Горда сум како тренер што Битола полека се искачува на ранг листата на најдобрите 10 клубови во Македонија помеѓу 80 клубови членки на КФМ.