Добредојдовте на 12тото издание на Pelister Downhill Cup!

ЛИНК ЗА ПРИЈАВА / LINK FOR PARTICIPATION
https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSefVyaHG_m9ePILead777_zsaBVY9tzYADj2Ge_dD-7qqBB4g/viewform?usp=sf_link

1. ИНФОРМАЦИИ

1.1 Правила

– Pelister Downhill Cup #12 ќе биде одржан според правилата нa Union Cycliste Internationale UCI.

– Сите натпреварувачи кои ќе учествуваат на тренинзите, квалификациите и финалната трка ги прифаќаат правилата и се обврзани истите да ги почитуваат.

– Организаторот не одговара за било какви правни последици во случај на незгода или надомест за оштетување на опремата на натпреварувачите.

– Организаторот не одговара за дела направени од страна на натпреварувачите од врз трети лица.

– Натпреварувачите под 18 години треба да да поднесат согласност / изјава од родител или старател.

– При подигнување на стартниот пакет потребно е да се достави согласност / изјава со сите потребни информации (.PDF согласност).

Натпреварувачите помлади од 18 години мораат да бидат придружувани од полнолетно лице (родител или член на клубот) кој ќе биде одговорен.

2. Учество

2.1 Категории
Mini Junior (12/13/14/15години)
Junior (16/17/18 години)
Elite (19-29 години)
Masters (30+ години)
Single Crown(велосипед без дупли амортизер)
Жени

2.2 Бодирање
UCI систем на бодување

2.3 Регистрација и стартарина
– Цената за пријава на натпреварот изнесува 1800 денари (30 евра) и се извршува на лице место.

2.4 Распоред

– ПЕТОК 27.09.2024
10:00 – 16:00 Неофицијален тренинг БЕЗ обезбеден превоз, медицинска екипа, горска служба и судии.

– САБОТА 28.09.2024
08:00 – 10:00 Пријавување и превземање на стартните броеви.
10:00 – 16:00 Тренинг со обезбеден превоз, жичара, медицинска екипа и судии.

– НЕДЕЛА 29.09.2024

09:00 – 11:00 Официјален тренинг со обезбеден превоз, жичара, медицинска екипа и судии.
12:00 – 14:00 Квалификации со обезбеден превоз, жичара, медицинска екипа и судии.
15:00 Финална трка.
Организаторот го задржува правото за измена на распоредот и времето со цел побрзо и поквалитетно одвивање на натпреварот.

2.5 Мерење на време
– Мерењето на времето ќе се одвива хронометарски.

2.6 Превоз
– Организаторот ќе обезбеди соодветен број на возила за превоз на натпреварувачите и жичара.
– Натпреварувачите се должни да се придржуваат на распоредот. Превозот до стартот е комбиниран со транспортно возило и жичара.

2.7 Награди
– Медали и пехари ќе бидат доделени за првите пет најдобри времиња во секоја категорија поединечно.

2.8 Технички спецификации на патеката
– Должина: 2.100 метри
– Висинска разлика: 425 метри
– Број на судии на патеката: 2
-Број на редари на патеката: 20