Колку пати сте замислувале да сте некаде сами потонати во недопрена природа, чист планински воздух и никој наоколу кој ќе ве вознемирува и набљудува?

Сето тоа да опкружено во мир, тишина, опоено со мирисот на планината и зеленилото на околните ливади.

И замислете сето ова со поглед кон Пелистер и Баба планина и Бабин Заб, на периферија над с. Нижеполе со сите салтанати кои ги бара модерниот живот. Е тоа е новата планинска куќа WOOD лоцирана на 1350 мнв во близина на Ски Центарот Нижеполе и над познатото истоимено село, сега мондемско место на познатите битолски богати фамилии.

На простор од над 1000м2 сега имате можност за вашите приватни забави, родендени, момински и ергенски забави да бидат веќе настрана од цело опкружување со потребната интима и приватност, и сето тоа со нормална цена.

Некогаш кога веќе сакате одмор на само 10 км од Битола тука тој ќе ви е неизбежен, кога сте за забава исто, а може и комбинација едно со друго зошто убаво е кога се има избор.

Направена со љубов, скоцкана со се што е најпотребно за нормално функционирање, неограничен паркинг, вода, струја, ТВ, интернет, кујна, спална соба, парно, летна тераса со поглед кон врвот Пелистер и Баба планина

и две спални соби, едната со поглед кон Бабин Заб, другата кон Пелистер

е тоа кое што можиме исто така од срце да ви го понудиме, престојот под Пелистер да ви се фати за душата. Кога сакате да ни повелите:

Фејсбук страна Villa Wood

Инстаграм страна Villa Wood

Телефони за контакт

078/359-307

076/668-937