На само неколку денови по Илинденски денови, Битола повторно беше место каде различни култури се споија преку универзалниот јазик на музиката и културата. Минатата вечер, присутните во Центар за култура, Битола имаа чест да го проследат Гала концертот на Интернационалниот музички фестивал MusicLand на кој се претставија најдобропласираните изведувачи од претходните два дена во придружба на Камерен Оркестар.

На овогодинешното издание на MusicLand имаше повеќе од 60 учесници од 17 држави: Македонија, Полска, Казахстан, Литванија, Косово, Молдавија, Италија, Романија, Малта, Србија, Канада и многу други. Учесниците беа распределени во 5 категории:
– Прва категорија – учесници до 9 годишна возраст
– Втора категорија – учесници од 10 до 12 години
– Трета категорија – учесници од 13 до 15 години
– Четврта категорија – учесници од 16 до 18 години
– Петта категорија – учесници од 19 до 41 година.

Покрај големото финале, односно Гала вечерта во која се натпреваруваа најдобропласираните учесници од сите категории, во секоја поединечна категорија беа избрани победници. Додека пак победниците од Гала вечерта се следните:

1. Специјалната награда во категоријата музика од филм, кабаре и мјузикл ја освои Lorisanne Refalo од Малта
2. Трето место освои Неда Димкова од Македонија
3. Второ место осови Rona Ademaj од Косово
4. Прво место освои Aiganym Amantay од Казахстан
5. Гранд При наградата ја освои Bradley Debono од Малта

Во текот на следните денови, ќе следат и видео записи од победниците за комплетно да уживаме во нивните изведби.

Со нетрепение го очекуваме 25-тото издание на MusicLand!

Фото Ивона Кочов