Почитувани ,

Немајќи начин како поинаку да допринесам за справување со пожарите најдобронамерно го пишувам овој јавно барање со предлог мерки до Вас .

Како прво Ве молам превземете по ригорозни мерки !!!
Моментално гори , Галичица , сега пред 3 часа се појави пожар и на Пелистер, има пожар во Мариовскиот дел , пожар на Шар планина , Кичево , Пехчево ….
Два месеци некој криминални структури и психопати ни ја палат татковината.

Горат трите национални паркови , гори богатството на Македонија .
Најверојатно ако не сите, најголемиот дел пожари се подметнати и никој не сноси одговорност .

Ве молам дадете силен одговор и пронајдете ги сторителите .
Има методи и начини и мора да се стави силен акцент на заштита и пронаоѓање на сторители .
Пратење на лица преку базни станици ,контроли теренски , присуство на полиција на различни пунктови и сл .

При појава на пожар
Да се побараат податоци од базни станици да се извади сите телефони што биле во околината.

Сигурно не се повеќе од 100…
И да се, ги регистрираш вршиш распит со сите и имаш една база кој луѓе биле присутни кога се појавил пожар .

Да не спомнувам дека ко ќе ги провериш 100- те и нивната причина зошто биле таму како и нивното претходен живот веќе ќе имаш индиции, кој би можел да биди.

И секако по мое мислење под хитно нај битната мерка – забрана за следните 10 години сеча на изгорена шума.
Забрана за сеча , забрана за продажба и забрана купување на дрва од изгорена шума .
Ова треба да е кривично дело со казна затвор до 3 години
Опожарената шума – изгорените дрвата мора да ја ИЗГУБАТ ВРЕДНОСТА и да не можат да се пуштаат во промет како би се превенирале криминалните структури . Само така ќе се изгуби материјалниот интерес од опожарување на шуми и ке се превенира таа багра од луѓе .
Ќе останат само психопатите и пироманите ама тоа ќе биди покриени со мерките погоре наведени .

По мое мислење, мерката забрана за движење во планина е контра продуктивна и не ефективна .
Ниеден човек кој ја сака планината нема запалено никогаш ништо.
Напротив човек кој се движи во планина можи да види сомнителни лица или да пријави такви ,доколку здогледа или да делува и помага во гасење во случај на ран почеток на пожар .

Инаку секоја чест за ЦУК , за сите пожарникари , сите доброволци , пилотите , механичарите , сите што помагаат во гасење, пожртвовани , дословно лугето изгинаа на терен херои сите до еден .
Сметам дека и тие како и механизацијата се на самата граница на издржливост .

Од таа причина јавно Ве молам дадете силен одговор и покажете им на овие криминални структури дека имате сила и воља и начин да се справите со нив .

Со почит
Вања Атанасов