Кога во тимот имате роден шампион таа енергија може да ја пренесе на целиот тим. Нема предизвик кој не го прифатил и остварил. Освојувач е на Лигата на шампионите, играл цо двете најсилни лиги во Европа, долги години беше дефанзивен лидер во српската репрезентација.

Срдечно добредојде за Илија Абутовиќ, кој има уште цели за остварување – првата е да триумфира во градот на ракометот. Српскиот „џин“, кој неодамна наполни 36 години, изгледа како долго да е со нас, а не само десетина дена. Со него и квалитетот и искуството и српската колонија во нашиот клуб ќе расте.

РК Еурофарм Пелистер