Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2, под водство на новиот тренер Александар Зарков, денес ги започнаа подготовките за новата сезона. Со работен состанок и прв тренинг во спортската сала „Боро Чурлевски“ започна мисијата за враќање во Суперлигата.

Присутни ракометари на стартот на подготовките на Еурофарм Пелистер 2:
Мартин Јовановски, Иван Младеновски, Валентино Штаковски, Иван Димитровски, Христијан Митревски, Петар Маркоски, Мирче Калајџиевски, Ненад Белистојановски, Стефан Дрогришки, Дамјан Наумоски, Дејан Југовски, Симон Мирчевски, Мартин Ивановски, Бојан Гичев, Мартин Димовски, Томче Пецаковски

Кон екипата ќе бидат приклучени уште неколку членови на младинската екипа.

Еурофарм Пелистер 2 ќе се подготвува во Битола, ќе одигра серија на контролни натпревари, а ќе учествува и на турнирот „Миле Нешкоски“ во Прилеп. Останатите контролни натпревари ќе бидат дефинирани по дефинирањето на календарот за Првата лига 2024/25.