На 10.07.2024 г. во ресторан „Оскар” во Битола, Concrete Company прославиja пет години постоење. По повод овој јубилеј, на најзаслужните од менаџерскиот тим и вработените им беа доделени благодарници за нивниот придонес кон развивањето на компанијата.

Concrete Company е основана во 2019 година и основна дејност им е производство на бетон за градежни цели. Со континуираниот раст и развој се прошируваа и услугите кои ги нудат како производство на асфалт, ивичњаци или рабници како и партнерство со “КНАУФ ДООЕЛ” Скопје за Југоисточна Македонија.

Основен приоритет на нивното работење е почитувањето на еколошката етика и заштита на животната средина, кој практично го применуваат во секој проект.

Велат, ако мораат да издвојат 5 работи на кои се горди изминатите 5 години, на прво место е тимот на вработени кој го испорачува постојаниот квалитет на производи кои ги нудат на пазарот, потоа набавка на нова асфалтна база со капацитет 240 тони на час и нова бетонска база со капацитет од 120 тони на час, а во бројки и факти и испораката на 50 000 метри кубни бетон и 50 000 тони асфалт.

Од менаџерскиот тим велат, нивен предизвик за престојниот период е поставување на асфалтната и бетонската база и секако потврдување на слоганот под кој работат ,,Градиме темели на сигурност”.

Среќен 5-ти роденден Concrete Company!

Текст : Н.С. и С.Д.

Фотографии : Concrete Company