Денес на 92 годишна возраст со почина Ристо Георгиевски, поранешен судија и докажан правник во градот, дипломиран на Правниот факултет во Скопје. По завршување на приправничкиот стаж завршил и правосуден испит. Како правник работел во стопансвото, управата и во Окружниот суд – Битола.
Има објавено повеќе стручно – научни трудови од областа на правото. За покажаната општествена и научна активност добитник е на повеќе награди и признанија. Беше редовен член на Македонското научно друштво од 1973 год.
Посмртните останки ќе бидат изложени, четврток на 17 август во Светонеделските гробишта во Битола, каде што ќе биде извршен и погребот во 12 часот.