Нова Година на времето:

– Имаш балони воено зелен, сојуз на комунистичката црвен, мокрача после дехидрација жолт и можеше да ги купиш 15 дена пред и после нова година па ги чуваш до август
– Елката изгледаше ко да ја има нападнато Боров четник, искубана и се редеше на печка 6-ка. Од штетните гасови кои се создаваа од елката на вклучена печка гарантирано барем двајца од семејството добиваа потешки белодробни заболувања и ја чекаа новата година во болница
– Украси: петокрака, лампиони во форма на топка: светло зелен, жолт, розев. Главен настан е пуштањето на сијаличките, таква радост нема до јуни дур не фати татко ти 5-ка на лото
– Новогодишен шопинг: мелено за сарма, потколеница за пифтија, два вида сок, гајба пиво во стаклено и 17 леба оти продавниците отвараат дури во април
– Дедо Мраз: слаб со цироза и едно пакетче памук на лицето, мириса на вињак денешен и вињак од вчера
– Пакетче: прехрамбено кондиторски производи ко пакет од ЈНА, шеќерна табла поради која 5-тина од Македонците имаат дијабетис, млеко во прав, три балони, честитка

Нова Година сега:

– Балони кој ги ебе, имаш и во јуни и во секакви бои. Можеш да земеш со букви и да напишеш “Среќна Нова Година”, “2023 биди добра со мене”, “Ѕинго император”. Балон во форма на Дедо Мраз, во форма на Маша и Медо, во форма на Ристо Никовски, во форма на лајк од Фејсбук
– Елката не е повеќе закана за здравјето па можеш да земиш мало елче и да го наредиш во две бои (кои сакаш бои, не само комбинација од светло зелена, жеолта и розева) со панделки со златни пари и други пичкематерине. И не се кити само елка туку и домот. Машината за перење со новогодишен дух, на балконот Дедо Мраз, на апаратите на кој е приклучен дедо ти балони со хелиум, тоалетна со ирваси
– Новогодишен шопинг: Дубаи од 199 евра, виенски божиќен пазар за само 299 евра, до Солун по пиво со вкус на солзи од еднорог, тартуфи, индиски ореви…
– Дедо Мраз: професионалец. Не изгледа како да излегол од логор и да го облекле во црвено, него има брада, наочари, висок холестерол и срцева болест. Нормално и наплаќа да му даде на вашето младунче пактече
– Новогодишно пакетче: може да е само ќеса (во случај да не се алергични на пластика) или да има Фереро Роше, девет видови чоколади Маша и Медо, Орео, чипс со вкус на компир, чипс со вкус на сѐ освен компири и 0 производи произведени источно од Осјек

Моџо Килингтон ака Божидар Божиновски